| четврток, 6 декември 2018 |

„Матица“ ќе ја промовира „Староста може, а и не мора да се дочека“ од Тихомир Јанчовски

„Староста може, а и не мора да се дочека“ е насловот на новата книга на Тихомир Јанчовски, во издание на „Матица“, која ќе биде промовирана вечерва во просториите на клубот МКЦ во 21 часот. Стихови од неа ќе читаат Дарко Лешоски, Богдан Илиев (Бетмен), Ник Темјановски, Зоран Тортевски и други, а водител на настанот е Бојан Марина.

На промоцијата ќе настапи и чалгаџискиот вокално-инструментален состав „Свирипиле“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top