| четврток, 6 декември 2018 |

Фото+Видео: Погледнете што ќе се гради во општина Илинден

Општина Илинден на електронско јавно наддавање понуди уште 15 градежни парцели, наменети за изградба на станбени куќи за индивидуално домување во локалитетот Јака.

Површината на парцелите е од 369 до 612 квадратни метри. Електронското јавно наддавање ќе се одржи на 9 јули 11 часот, а пријавите може да се доставуваат најдоцна до 3 јули.

Градежните парцели се наоѓаат во новата населба Јака, која  се наоѓа на само 10 километри од центарот на главниот град, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско-сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top