Општина Илинден на електронско јавно наддавање понуди уште 15 градежни парцели, наменети за изградба на станбени куќи за индивидуално домување во локалитетот Јака.
Површината на парцелите е од 369 до 612 квадратни метри. Електронското јавно наддавање ќе се одржи на 9 јули 11 часот, а пријавите може да се доставуваат најдоцна до 3 јули.
Градежните парцели се наоѓаат во новата населба Јака, која се наоѓа на само 10 километри од центарот на главниот град, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско-сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.