По повод мојот избор за градоначалник, Ви изразувам искрена благодарност за поддршката и довербата што ми ја дадовте на локалните избори, да ја водам Општина Илинден во наредните четири години. Довербата што со Вашиот избор ми ја дадовте по четврти пат да бидам градоначалник на Општина Илинден за мене е вистинска привилегија, но истовремено и голема обврска и одговорност, истакна старо-новиот градоначалник Жика Стојановски.
-Знам дека довербата не се стекнува преку ноќ, таа е резултат на реализацијата на голем број капитални проекти во изминатиот период, што Вие ги посочивте како приоритет, а заедно ги реализиравме. Токму затоа, добивањето на новиот мандат за мене е потврда дека сме на вистинскиот пат да ја направиме Општина Илинден уште поубаво место за живеење. Вашата доверба е мотив и поттик повеќе со уште позасилено темпо да продолжиме со создавањето на услови за подобрување на квалитетот на живеење и животниот стандард на жителите од сите 12 населени места, вели Стојановски и додава:
„Во периодот што следи целосно ќе се насочиме кон реализација на приоритетните проекти користејќи ги нашите расположливи потенцијали, искуства, знаења и капацитети, со цел обезбедување на одржлив локален економски развој и просперитетна иднина на целокупното население во Општина Илинден. Имаме јасна визија за Општина Илинден да прерасне во урбана, атрактивна и конкурентна Општина во регионот и пошироко. Општина Илинден – препознатлива, потврдена, економски силна, урбана општина со современи услови за живеење и стопанисување. Да ги искористиме силните страни на Општина Илинден“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе се избира најдобра фотографија од Општина Илинден
-
Трагедија во Илинден: Синот десет дена седел до мртвиот татко
-
Груевски во посета на општина Илинден: Со Стојановски извршија увид на нова пречистителна станица и Дом на култура
-
Стојановски:Со поддршка од централната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, невработеноста од 38 отсто ја намаливме на 6 отсто