| четврток, 6 декември 2018 |

Поетесата Марина Мијаковска ќе учествува на интернационалниот поетски фестивал во Саранда

Поетесата Марина Мијаковска ќе учествува на најголемиот интернационален поетски фестивал во Саранда, Албанија.

Поетскиот фестивал е во организација на „Јонскиот креативен клуб“, а ќе се одржи во периодот од 29 септември до 1 октомври.

На десеттото издание на фестивалот „The Trireme of the Ionian Poetry“ ќе настапат осумдесеттина учесници од целиот свет. На ова издание на фестивалот ќе биде промовирана антологијата „Trirema e Poezisë Joniane“, во која се застапени учесниците со творби во превод на албански јазик.

Марина Мијаковска е застапена со три творби од стихозбирката „Постела на тишината“, а за оваа книга Мијаковска ја доби наградата „Бели мугри“ за 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top