Во периодот од 26 – 29 мај во Романија во организација на општина Карас-Северин се одржа шестиот меѓународен поетски фестивал „Врати на поезијата“, на кој настапија поети од 17 земји. Поетесата Марина Мијаковска беше единствен претставник од Македонија.
Фестивалот е потпомогнат од Министерството за култура на Карас-Северин, фондацијата Активити и општината Карас-Северин. Иницијатор и главен организатор е поетесата Љубица Рајчиќ , која е и директор за култура на Карас-Северин.
-Свеченото отворање и богатата тричасовна програма беа во општината на градот Решица каде секој од поетите се претстави на мајчиниот јазик и секој сподели итересни нешта што за својата земја. Организаторите се погрижија да издадат и антологија, во која секој од нас е застапен со биографија и две песни на мајчиниот јазик, како и препев на романски. Имавме можност да ја посетиме и најстарата железничка станица во земјата, во Анина, каде бевме пречекани од нивниот градоначалник и тоа со големи почести, посебно симпатична беше средбата на поетите со деца од едно основно училиште , кои не’ пречекаа со нашите национални знамиња и со добредојде на мајчиниот јазик . Присуствувавме и на литургија во Манастирот во Оравита, каде по добиениот благослов не’ угостја и со манастирски ручек – вели Мијаковска не криејќи го своето задоволство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.