| четврток, 6 декември 2018 |

Лидија Димковска: Секогаш можам да се потпрам на книгата

Со те­кот на го­ди­ни­те ег­зи­стен­ци­јал­но, су­штин­ски и ре­ал­но сфа­тив де­ка тоа е чи­ста ви­сти­на: лу­ѓе­то од на­ши­от жи­вот до­а­ѓа­ат и за­ми­ну­ва­ат, се или не се при­сут­ни ко­га сме среќ­ни или не­среќ­ни, оту­ѓе­но­ста ка­ко ви­рус на но­во­то вре­ме сѐ по­ве­ќе го за­фа­ќа на­ши­от жи­вот, а кни­га­та оста­ну­ва, ве­ли Дим­ков­ска, ко­ја ја про­мо­ви­ра­ше по­ет­ска­та збир­ка „Цр­но на бе­ло“

До­ку­мент на ед­но вре­ме – та­ка кри­ти­ча­ри­те ја оце­ни­ја но­ва­та по­ет­ска збир­ка „Цр­но на бе­ло“ на Ли­ди­ја Дим­ков­ска, ма­ке­дон­ска­та пи­са­тел­ка, по­е­те­са и пре­ве­ду­вач­ка, ко­ја жи­вее и ра­бо­ти во Љуб­ља­на, Сло­ве­ни­ја. Пре­ве­ду­ва ро­ман­ска и сло­ве­неч­ка ли­те­ра­ту­ра на ма­ке­дон­ски ја­зик.

„Цр­но на бе­ло“ е пр­ва­та кни­га во но­ва­та еди­ци­ја на „Или-или“ нас­ло­ве­на „По­е­за“.

Чи­та­те­ли­те со не­тр­пе­ние го че­каа но­во­то де­ло на Дим­ков­ска (44), за кое про­фе­сор­ка­та Ели­за­бе­та Ше­ле­ва ве­ли де­ка е ве­ро­јат­но нај­зре­ло кни­жев­но ос­тва­ру­ва­ње на Дим­ков­ска. Во мно­гу уба­ва, при­јат­на ат­мо­сфе­ра по­ми­на про­мо­ци­ја­та на „Цр­но на бе­ло“ во ки­но­то „Фро­си­на“ во Мла­дин­ски­от кул­ту­рен цен­тар. Ре­цен­зен­тка­та Оли­ве­ра Ќор­ве­зи­ро­ска сме­та де­ка „Цр­но на бе­ло“ не е нај­до­бри­от по­ет­ски глас на Дим­ков­ска, ту­ку ова е нај­до­бри­от по­ет­ски глас на со­вре­ме­на­та ма­ке­дон­ска по­е­зи­ја. „Цр­но на бе­ло“ е и ама­нет, и те­ста­мент, и амај­ли­ја… а најм­но­гу од сѐ е, се­пак, и ѓер­дан и нож на вра­тот на ви­нов­ни­ци­те и на љу­бов­ни­ци­те, ве­ли Ќор­ве­зи­ро­ска.

Дим­ков­ска до­се­га ги об­ја­ви­ла по­ет­ски­те збир­ки: „Рож­би од Исток“ (за­ед­нич­ка со Бо­рис Ча­вко­ски) во 1992 го­ди­на, на­гра­да „Сту­дент­ски збор“; „Ог­нот на бу­кви­те“ во 1994 го­ди­на; „Из­гри­за­ни но­кти“ во 1998 го­ди­на; „Но­бел про­тив Но­бел“ во 2001 го­ди­на, вто­ро из­да­ние во 2002 го­ди­на; „Иде­ал­на те­жи­на“, из­бра­на по­е­зи­ја, еди­ци­ја „130 то­ма ма­ке­дон­ска кни­жев­ност“ во 2008 го­ди­на; „pH не­у­трал­на за жи­во­тот и смрт­та“ во 2009 го­ди­на. Неј­зи­ни­те по­ет­ски збир­ки се пре­пе­а­ни на анг­ли­ски, гер­ман­ски, сло­ве­неч­ки, ро­ман­ски и на пол­ски ја­зик, а пес­ни­те ѝ се за­ста­пе­ни во свет­ска­та пер­и­о­ди­ка на по­ве­ќе од два­е­се­ти­на ја­зи­ци. За сво­ја­та по­е­зи­ја ја до­би­ла гер­ман­ска­та на­гра­да „Ху­берт Бур­да“, ро­ман­ски­те на­гра­ди за ли­те­ра­ту­ра „По­е­сис“ и „Ту­дор Ар­ге­зи“, а би­ла но­ми­ни­ра­на и за гер­ман­ска­та на­гра­да „Бер­лин­ски мост“, за аме­ри­кан­ска­та „Нај­до­бра пре­пе­а­на кни­га“ и за пол­ска­та „Европ­ски по­ет на сло­бо­да­та“. Дим­ков­ска е пот­пис­ник и на ро­ма­ни­те: „Скри­е­на ка­ме­ра“ во 2004 го­ди­на, на­гра­да „Ста­ле По­пов“ на ДПМ, вто­ро из­да­ние во 2014 го­ди­на; „Ре­зер­вен жи­вот“ во 2012 го­ди­на, вто­ро из­да­ние во 2013 го­ди­на, тре­то из­да­ние во 2015 го­ди­на, на­гра­да „Ста­ле По­пов“ на ДПМ и На­гра­да за кни­жев­ност на Европ­ска­та уни­ја. Неј­зи­ни­те ро­ма­ни се пуб­ли­ку­ва­ни на по­ве­ќе свет­ски ја­зи­ци. Со­ста­ву­вач е на ан­то­ло­ги­ја­та на најм­ла­да­та ма­ке­дон­ска по­е­зи­ја „20.мла­ди.мак.по­е­ти.00“, на ан­то­ло­ги­ја­та на со­вре­ме­на­та сло­ве­неч­ка по­е­зи­ја и на ан­то­ло­ги­ја­та на мал­цин­ска­та и на ими­грант­ска­та кни­жев­ност во Сло­ве­ни­ја „Од ја­зик на ја­зик“.

По па­у­за од ре­чи­си се­дум го­ди­ни из­ле­зе од пе­чат Ва­ша­та по­ет­ска збир­ка „Цр­но на бе­ло“. Знам де­ка мно­гу вре­ме, бол­ки, нер­ви, Ви од­зе­де пи­шу­ва­ње­то на ро­ма­нот „Ре­зер­вен жи­вот“, кој из­ле­зе во 2012 го­ди­на. Што дру­го ра­бо­те­вте во ме­ѓу­вре­ме?

ДИМОВСКА: Пи­шу­вав сти­хо­ви, пре­пе­ју­вав и пре­ве­ду­вав сло­ве­неч­ка и ро­ман­ска ли­те­ра­ту­ра на ма­ке­дон­ски ја­зик, уре­див и пре­пе­ав ан­то­ло­ги­ја на со­вре­ме­на­та сло­ве­неч­ка по­е­зи­ја за Стру­шки­те ве­че­ри на по­е­зи­ја, во Сло­ве­ни­ја уре­див ан­то­ло­ги­ја на мал­цин­ска­та и на ими­грант­ска­та ли­те­ра­ту­ра, поч­нав но­ве­ла што се­га ја при­вр­шу­вам, на­пра­вив по­чет­на ски­ца за ед­на дет­ска при­каз­на што ме прив­ле­ку­ва, а се­ри­оз­но му се по­све­тив и на истра­жу­ва­ње­то по­вр­за­но со мо­јот нов ро­ман, кој че­ка на ред во мо­јот ду­хо­вен и ре­а­лен жи­вот и свет. Мно­гу? Мал­ку? Ли­те­ра­ту­ра­та се ме­ри на не­мер­лив кан­тар.

Ед­на од про­мо­тор­ки­те, Оли­ве­ра Ќор­ве­зи­ро­ска ве­ли де­ка ова „Цр­но на бе­ло“ не е нај­до­бри­от глас на Дим­ков­ска, ту­ку де­ка е нај­до­бри­от по­ет­ски глас на со­вре­ме­на­та ма­ке­дон­ска по­е­зи­ја. Кол­ку ја чи­та­те и ја сле­ди­те со­вре­ме­на­та ма­ке­дон­ска по­е­зи­ја?

ДИМОВСКА: И ја чи­там и ја сле­дам, осо­бе­но по­е­ти­те од мо­ја­та, но мо­же­би уште по­ве­ќе по­е­зи­ја­та на по­е­ти­те и на по­е­те­си­те од најм­ла­да­та по­ет­ска ге­не­ра­ци­ја. Го­ле­ма ра­дост за ме­не е и ко­га ќе на­и­дам на пре­об­ја­ве­на по­ет­ска кни­га од ве­ќе по­чи­на­ти­те по­е­ти со чи­е­што тво­реш­тво рас­тев и за ме­не прет­ста­ву­ваа по­ве­ќе од по­е­ти: беа глас­ни­ци на по­е­зи­ја­та во над­зем­на смис­ла. Мо­жам да ре­чам де­ка ма­ке­дон­ска­та по­е­зи­ја во мо­јот чи­та­тел­ски жи­вот е исто тол­ку при­сут­на кол­ку и свет­ска­та, а не се раз­ли­ку­ва ни по вред­но­сти­те што ги има.

Нѐ учеа де­ка кни­га­та е нај­до­бар при­ја­тел на чо­ве­кот и тоа го осоз­на­ва­ме со те­кот на го­ди­ни­те. Да­ли уште мо­же да се пот­пре­ме на таа син­таг­ма?

ДИМКОВСКА: Ап­со­лут­но! Во дет­ство­то и во ра­на­та мла­дост, иа­ко кни­га­та ми бе­ше нај­до­бра при­ја­тел­ка, син­таг­ма­та ја до­жи­ву­вав ка­ко фло­ску­ла. Со те­кот на го­ди­ни­те ег­зи­стен­ци­јал­но, су­штин­ски и ре­ал­но сфа­тив де­ка тоа е чи­ста ви­сти­на: лу­ѓе­то од на­ши­от жи­вот до­а­ѓа­ат и за­ми­ну­ва­ат, се или не се при­сут­ни ко­га сме среќ­ни или не­среќ­ни, оту­ѓе­но­ста ка­ко ви­рус на но­во­то вре­ме сѐ по­ве­ќе го за­фа­ќа на­ши­от жи­вот, а кни­га­та оста­ну­ва. На кни­га­та се­ко­гаш мо­жам да се пот­прам. Кни­га­та за ме­не е нај­до­бра при­ја­тел­ка во бу­квал­на­та смис­ла на збо­рот. И ми се чи­ни де­ка се­ко­ја кни­га што ќе из­бе­рам да ја про­чи­там се по­ја­ву­ва во ви­стин­ско­то вре­ме на ви­стин­ско­то ме­сто.

133037312-38990

Ка­ква е по­зи­ци­ја­та на ма­ке­дон­ски­от автор, на ма­ке­дон­ски­от по­ет и пи­са­тел над­вор од гра­ни­ци­те на на­ша­та зем­ја?

ДИМКОВСКА: Сѐ по­до­бра, но сѐ уште бла­го­да­ре­ние на лич­ни за­лож­би и кон­та­кти на авто­ри­те со стран­ски­те из­да­ва­чи, со ре­тки­те пре­ве­ду­ва­чи на ма­ке­дон­ска­та ли­те­ра­ту­ра (а во таа смис­ла се пра­шу­вам зо­што т.н. при­ја­те­ли на Ма­ке­до­ни­ја ка­ко и сту­ден­ти­те на ма­ке­до­ни­стич­ки­те ка­те­дри и ле­кто­ра­ти во све­тот не се и пре­ве­ду­ва­чи на ма­ке­дон­ска­та ли­те­ра­ту­ра), со учес­тва на фе­сти­ва­ли, кни­жев­ни пре­стои и чи­та­ња на по­ка­на на стран­ски ин­сти­ту­ции итн. Единс­твен до­бар по­тег од ма­ке­дон­ска стра­на, кој е во при­лог на по­ши­ро­ко прет­ста­ву­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та ли­те­ра­ту­ра во странс­тво, е до­де­лу­ва­ње­то на гран­то­ви­те за пре­вод на ма­ке­дон­ски де­ла на дру­ги ја­зи­ци, до­де­ка, пак, учес­тва­та на Ма­ке­до­ни­ја на не­кои од са­е­ми­те на кни­га­та во странс­тво (и са­ма ка­ко по­ка­нет автор учес­тву­вав на не­кол­ку од нив), не­до­вол­но и не­це­лос­но ор­га­ни­зи­ра­ни, се са­мо ска­па др­жав­на па­ра­да без кон­крет­ни ре­зул­та­ти за са­ми­те авто­ри.

Со „Цр­но на бе­ло“ има­те цр­но на бе­ло де­ка сте ед­на­кво ус­пеш­на и во по­е­зи­ја­та и во про­за­та. Да­ли не­кои од пес­ни­те во збир­ка­та мо­же да пре­рас­нат и во ро­ман?

ДИМКОВСКА: Во бли­ска ид­ни­на не, но ни­ко­гаш не се знае. Мо­же­би пес­на­та „Ван­зеј­ски дип­тих“ за ко­ја не­кои од чи­та­те­ли­те сме­та­ат де­ка би мо­же­ла да би­де и ро­ман, еден ден ќе пре­рас­не во про­за, но са­мо ако по­чув­ству­вам де­ка дош­ло вре­ме­то за тоа.

Ве­ли­те де­ка до кра­јот на жи­во­тот ни е важ­но око­лу се­бе да има­ме пред­ме­ти што не ги ко­ри­сти­ме. Да­ли е тоа ме­та­фо­ра за жи­во­тот и за смрт­та ка­ко он­то­ло­шки со­стој­би?

ДИМКОВСКА: Тоа е став на еден од ли­ко­ви­те во ро­ма­нот „Ре­зер­вен жи­вот“, а јас во­оп­што не се сог­ла­су­вам со тоа. На­про­тив, мис­лам де­ка до кра­јот на жи­во­тот тре­ба да има­ме око­лу се­бе са­мо пред­ме­ти што ги ко­ри­сти­ме, а од сѐ дру­го тре­ба да се ос­ло­бо­ди­ме по­да­ру­вај­ќи  им го на тие на кои им е по­треб­но. Се­ка­ко, се­ќа­ва­ња­та ги сме­там за нај­он­то­ло­шки со­стој­би на ду­хот и иа­ко по­не­ко­гаш се бе­ско­рис­ни мис­лам де­ка тре­ба да ги чу­ва­ме. Од пред­ме­ти­те ме­не лич­но ми се нај­важ­ни кни­ги­те, не­кои ста­ри фо­то­гра­фии и пред­ме­ти-спо­ме­ни што се ве­ќе дел од мо­е­то би­тие и без кои би би­ла и не­це­лос­на и не­среќ­на.

Што но­во мо­же да оче­ку­ва­ме од Вас на­ско­ро?

ДИМКОВСКА: До по­че­то­кот на ле­то­то но­ве­ла, а по­доц­на нов ро­ман и, мо­же­би, кни­га за де­ца. И, се­ка­ко, но­ви сти­хо­ви, за не­ко­ја но­ва по­ет­ска кни­га.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top