| четврток, 6 декември 2018 |

Господе, ти должам благодарност за ова чувство за љубов-Сека објави емотивен статус

Пејачката Сека Алексиќ, пред точно една година, на денешен ден на свет го донесе својот син Јавов.

Тој денеска наполни една година, а популарната пејачка на својот профил објави емотивна порака по тој повод:

-Господе, колку си голем и прекрасен! Обожаван таков, каков што си, совршен! Ти благодарам за мојот си, мојата најголема љубов. Благодарам за мојот ангел. Тебе ти ја должам секоја пофалба, што дишам и што чувствувам. Тебе ти должам благодарност за ова чувство за љубов, кое се вика Јаков. Расти сине мој, расти најголема радост на мама и тато!- напишала Сека.

Секој кој е упатен за нејзиниот живот и борба за потомство, знае каква среќа е Јаков за Сека. Познатата пејачка и понатаму со своите ставови ги подржува оние кои се борат да добијат дете, тврдејќи дека никогаш не треба да се откажат од верата во Бог и вербата во подобро утре и среќно семејство какво што и таа самата денес има.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top