| четврток, 6 декември 2018 |

Трпи за убавина: Сека Алексиќ направи естетски третман за подмладување

Сека Алексиќ малку ги исплаши своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи фотографија на која се гледа како и’ прават естетски третман на лицето.

Станува збор за мезотерапија, која изгледа болно, но очигледно ефектите ја оправдуваат болката.

Инаку, мезотерапија е современ нехируршки метод на вшприцување витамински коктели и активни супстанции во средишниот дел на кожата – мезодерм – по кој го добила името. Со помош на овој третман може успешно да се намалат брчките околу очите, усните и на челото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top