| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ новата сезона ја почнува од Австралија

Поранешниот тениски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ,  редовно тренира и очекува да почне од првиот ,,Гренд Слем” на Австралија Опен. Тој одлучи да го пропушти турнирот во Доха, на кој два пати го креваше победничкиот пехар во последните две години.

Претходно сезоната ја заврши уште во месец јули поради повреда и пристапи кон процесот на рехабилитација. Тој оваа среда беше гостин на прошталниот натпревар на кошаркарскиот стратег Душан ,,Дуда” Ивковиќ, каде што даде одговор околу неговото враќање на терените.

– Ќе стартувам од од Австралија. Редовно тренирам засега, изјави популарниот Ноле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top