Според фејсбук профилот со името на првиот голман на националниот тим еден од проблемите со кои би можела да се соочи федерацијата е надминат.
На профилот на Борко Ристовски (Досега немало потврда дека се работи за лажен профил) денеска се појави следнава порака „ според мене мислам дека Лино Червар треба да биде новиот тренер на македонската ракометна репрезентација. Што мислите вие?“.
Со тоа Борко Ристовски кој во минатото отворено зборуваше против хрватскиот стручњак стана првиот репрезентативец кој отворено застана зад Червар како нов селектор.
Лани во Март во интервју Ристовски испровоциран од тезите дека РК Металург станал голем тим дури откако Червар дошол во Автокоманда изјави : Ако Лино е Марчело Липи, тогаш јас сум Ринат Дасаев!“
на следниот линк денешниот став на Ристовски за Червар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.