Аргентинскиот напаѓач Карлос Тевез, кој како најплатен фудбалер на планетата во моментов игра во кинескиoт клуб Шангај Шенхуа, е на мета на критичарите заради неговиот однос и трудот кој го вложува за време на натпреварите во Кина.
Како ова да не беше доволно за провокација на кинеската јавност, Тевез имал и што да каже за нивниот фудбал, па во една своја изјава тој рекол дека таму фудбалот нема да биде на ниво на европскиот уште најмалку 50 години.
– Во Јужна Америка и Европа играчите учат да играат фудбал од детството, но тоа не е случај во Кина. Кинезите не се добри технички, а фудбалот е многу поинаков. Поради тоа сметам дека дури ни за 50 години кинескиот фудбал нема да биде во ранг на европскиот, изјавил Тевез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)