| четврток, 6 декември 2018 |

Тевез: Фудбалот во Кина ниту за 50 години нема да биде на ниво на европскиот

Аргентинскиот напаѓач Карлос Тевез, кој како најплатен фудбалер на планетата во моментов игра во кинескиoт клуб Шангај Шенхуа, е на мета на критичарите заради неговиот однос и трудот кој го вложува за време на натпреварите во Кина.

Како ова да не беше доволно за провокација на кинеската јавност, Тевез имал и што да каже за нивниот фудбал, па во една своја изјава тој рекол дека таму фудбалот нема да биде на ниво на европскиот уште најмалку 50 години.

– Во Јужна Америка и Европа играчите учат да играат фудбал од детството, но тоа не е случај во Кина. Кинезите не се добри технички, а фудбалот е многу поинаков. Поради тоа сметам дека дури ни за 50 години кинескиот фудбал нема да биде во ранг на европскиот, изјавил Тевез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top