Тимот на Рома попладнево имаше лесна задача на гостувањето кај Беневетно кое лесно го доби со резултат од 0-4.
Един Џеко постигна два гола за волчицата, а двата преостанати беа автоголови на домашните играчи. И сето тоа по принципот Џеко гол, па автогол. Најпрво во 22. минута босанскиот репрезентативец погоди за 1:0, потоа сопствената мрежа си ја затресе Лучиони, па пак Џеко беше стрелец и на крајот Венути со нов автогол ја запечати победата на гостите од Рим.
Рома со меч помалку има 9 бода на петтата позиција во Серија А, а Беневенто е закован на дното без бодови од 5 натпревари и со гол-разлика 1:14.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)