Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, при обраќањето пред Генералното собрание на ОН во Њујорк, предупреди дека опасноста од нуклеарна војна денес е поголема од кога било досега, нагласувајќи дека поради тоа меѓународната соработка е многу важна, како и дека Австрија е подготвена да го даде својот придонес на тој план.
Тој истакна дека, до сега во неговиот живот не се сеќава таква несигурност во светот како сега. Курц потсети дека нуклеарното разоружување е еден од нерешените проблеми на денешницата, и оти договорот за забрана на нуклеарното оружје е првиот чекор на тешкиот пат.
– Нуклеарното оружје и покрај тоа ќе постои. Не сме наивни, но неговата забрана е цел за која треба да се бориме, порача австрискиот министер за надворешни работи.
Како претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Курц укажа дека не постои алтернативна на меѓународната соработка. Тој потенцираше дека треба да се поздрави Виенскиот договор, што беше склучен со Иран, за неговата нукеларна програма, нагласувајќи дека неговото поткопување ги ослабнува напорите во решавањето на нуклеарните судири.
Темите како што се гладта, климатските промени, организираниот криминал и зголемувањетo на бројот на оружјето, Курц ги нарече „најголеми предизвици на денешницата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Курц го поздрави договорот во македонското собрание
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Курц очекува голем чекор за Македонија кон ЕУ по договорот со Грција
-
Русокосата Сузан 13 години е во врска со Себастијан Курц: Долго ја криеше, но сега мораше да ја покаже (Фото)