Во „Мала станица“ денеска се отвори тематската изложба „Урбани документи: пејсаж-град-предел“, а со која Националната галерија на Македонија (НГМ) ги одбележува „Европските денови на културното наследство“ што годинава се во знакот на темата „Природата и културното наследство“.
-Селектираниот избор на дела на тема урбан предел од богатата колекција на Националната галерија на Македонија е сочинет од слики на познати и афирмирани автори кои припаѓаат на 20 век, а за кои можеме да кажеме дека не се одвојуваат од големите европски сликари кои оставаат белези во европското сликарство, меѓу кои Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Лазар Личеноски, Борко Лазески, Предраг Милосављевиќ Пеџа, Милан Коњовиќ, Мича Поповиќ, рече на отворањето директорката на НГМ, Дита Старова Ќерими, која истакна дека „урбаниот мотив во делата во истиов период е присутен низ цела Европа“.
На изложбата се претставени шеесеттина ликовни дела од кои поголемиот дел за првпат се презентираат пред јавноста, но сите тие имаат посебен карактеристичен урбан лик и интересни се за ликовната публика и од аспект на историски и документарен карактер како сведоци на едно минато време.
извор: newsroom.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.