Шпанската полиција го уапси каталонскиот помлад министер за економија, Јосеп Марија Жове, по претресот во потрага по документи поврзани со референдумот за независност на Каталонија, објавија локалните медиуми.
Жове е висок член на политичката партија Републиканска левица на Каталонија. Тој беше уапсен по денешната утринска рација што ја спроведе шпанската Граѓанска гарда, која има надлежност и во Министерството за внатрешни работи и во тоа за одбрана.
Претходно во септември парламентот на Каталонија усвои закон со кој се отвора патот за референдум за независност, кој ќе се одржи на 1 октомври. Меѓутоа, шпанската влада го смета референдумот за незаконски и го суспендираше гласањето во очекување на формалната одлука на шпанскиот Уставен суд.
Шпанскиот државен обвинител нареди кривична истрага на 712 каталонски градоначалници затоа што соработувале во процесот.
Каталонија претходно одржа референдум за независност во 2014 година, во кој 80 отсто од гласачите избраа независност. Сепак, Мадрид го прогласи референдумот за неуставен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.