| четврток, 6 декември 2018 |

Се подготвува седмата Недела на дизајн во Скопје

Во тек е отворениот повик за дизајнери, дизајн студија и компании од Македонија и регионот кои сакаат да ги претстават своите нови производи и услуги пред  пошироката јавност на Неделата на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week) кое ќе се одржи оваа година 22. до 26. ноември, информира организаторот.

Седмото издание на СДВ на јавноста ќе и понуди изложби од цела Европа, презентации, работилници со врвни дизајн практичари, забава, вмрежување и секако награди во три различни категории за дизајнери и компании.

Заинтересирани поединци и компании може да  дознаат повеќе информации за учество на фестивалот на веб страната: www.ministryofpleasure.net/open_call_for_participants.html

Новитетите кои скромно ги најавија од организацијата се просторното проширување, земјата во фокус и дизајнот на храна.

Првпат оваа година на СДВ изложбите ќе бидат поставени на две локации – Центарот за дизајн и иновации Public Room и продавницата за мебел и осветлување Lux Lightning and Living. На двете локации ќе можат да се видат дизајните на младите дизајнери од Балканот.

Унгарија преставувана од дваесетина врвни продукт дизајнери и иноватори е земја во фокус на овогодинешното издание на Неделата на дизајн во Скопје.

Дизајн на храна е новата дисциплина која е е отворена за пошироката јавност и ќе отвори врата за „не” дизајнери да се приклучат активно во програмските активности.

Музичката програма, предавањата, детските работилници и саемскиот дел се интергелена целина на секое издание на СДВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top