Министерот за задолжување Тевдовски ја уништи македонската економија со своите катастрофални економски политики, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Лилјана Кузмановска.
-Црната Тројка Заев, Тевдовски, Анѓушев во изминатите 3 ипол месеци потрошија 420 милиони евра пари на граѓаните, пари кои ги користеа за хедонизам и луксузирање и партиски вработувања. ВМРО-ДПМНЕ 11 години инвестираше во капитални проекти од огромно значење за граѓаните на Македонија, проекти кои ќе останат за идните генерации. Секој пат кога СДС и нивните министри го превземаат кормилото на македонската економија, макроекономските показатели се движат во надолна линија, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека ова е случајот и во моментов. Откако неспособниот Тевдовски седна на министерската фотелја бруто домашниот производ се намали за 1.8 проценти. Просечната плата која СДС ветуваше дека ќе стане петстотини евра се намали за 0.7 проценти.
-Катастрофалната политика на Тевдовски и Заев ќе избрка голем број на странски инвеститори кои ќе отвореа илјадници нови работни места и значително ќе ја подобреа економската клима во државата. Тевдовски секојдневно ја движи македонската економија кон еден огромен амбис што ќе предизвика неминовен банкрот на државата. Ова лудило и економска катастрофа ќе запре на 15-ти октомври кога оваа неспособна влада ќе ја делигитимираат македонските граѓани со огромен пораз на локалните избори, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.