| четврток, 6 декември 2018 |

Јас сум куче, живеам за да те сакам, а ти ако не ме сакаш, јас ќе умрам

Текстот кој деновиве ги преплави социјалните мрежи раскажува приказна од перспектива на куче.

Јас сум куче. Живеам, дишам. Чувствувам болка, радост, љубов, страв и задоволство.
Јас не сум предмет. Ако се удрам – имам модрици. Крварам. Страдам. Чувствувам болка. Јас не сум предмет.
Јас сум куче. Уживам во игра, прошетка, но најмногу од се, уживам во времето поминато со семејството. Не сакам ништо повеќе од тоа да бидам со својот човек. Сакам да спијам во твојот кревет и сакам да одам каде што одиш и ти. Јас сум човек и чувствувам љубов…Јас копнеам за дружба.
Уживам во допирот на твојата рака и во мекоста на креветот. Сакам да бидам внатре во домот, со семејството, а не на ланец, во бокс или во ограничениот двор со часови. Роден сум да бидам пријател а не да живеам сам, во осаменост.

И јас знам кога е екстремно ладно или екстремно топло. Знам за глад, знам за жед. Јас сум живо суштество, а не предмет.
Кога ќе се отселиш, сакам да дојдам со тебе. Ако останам, едвај ќе чекам да се вратиш. Копнеам по твојот глас. Ќе направам се за да ти угодам. Живеам да бидам твојот пријател.
Јас сум куче. Моите постапки не се резултат на корупција, алчности или омраза. Не знам за предрасуди. Јас живеам во моментот и сум пример за љубов и посветеност.
Немој да ме замениш со некој објект. Чувствувам и можам да мислам. Јас можам да почувствувам и повеќе од физичка болка, чувствувам страв и радост. Љубов и конфузија. Имам емоции.
Јас можеби разбирам повеќе од тебе. Јас сум во состојба да разберам што ми говориш, но ти не си во состојба да ме разбереш.

Јас сум куче. Не сум способен сам да се грижам за себе. Ако одлучиш да ме врзуваш и одбиваш да ме храниш јас ќе умрам од тага и глад. Ако ме напуштиш и оставиш јас ќе бидам преплашен и осамен. Ќе те барам и ќе се прашувам зошто ме остави. Јас не сум предмет за да ме фрлиш или заборавиш.
Јас сум куче – живеам, дишам. Ако одлучиш да ме однесеш дома, тогаш те молам пружи ми ги работите кои ми се потребни за да бидат здрав и среќен.
Обезбеди ми храна, чиста вода, топол дом и љубов. Немој да ме напуштат. Немој да ме фрлиш кога ќе бидеш зафатен. Мојот живот ти го посветувам тебе. Немој да ме отфрлиш.
Ако ме напуштиш, јас ќе бидам оставен на милост и немилост на љубезните луѓе – а ако паднам во погрешни раце мојот живот ќе биде уништен. Ќе доживеам страв, болка и осаменост. Моите очи ќе молат за помош, за спас. Мојата опашка ќе ти каже дека се уште те сакам, дека се уште си мојот пријател. А ако и тоа не ти е доволно, тогаш добро – ќе умрам.
Јас сум куче. Сакам да дадам и да примам љубов. Сакам да живеам. Јас не сум предмет. Јас не сум имот.
Те молам, немој да ме отфрлаш. Ти ја ветувам цела безусловна љубов….се додека сум жив.
Сетете се на овие молби секој пат кога ќе видите напуштено куче на улица – помогнете му, или пак најдете некој кој може да му помогне. Фрлете му малку храна и барем за миг погалете го.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top