Традиционално, по повод 20 Септември, Денот на општина Ѓорче Петров, ѓорчепетровци денеска даруваа крв во крводарителската акција организирана од општината во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина.
Во периодот од 10 до 17 часот во Центарот за култура Ѓорче Петров над 70 хумани граѓани донираа крв и ја изразија својата желба да помогнат и да спасат нечиј живот. Секој крводарител доби маичка со логото на општината Ѓорче Петров и привезок со својата крвна група.
Градоначалникот Сокол Митровски, кој присуствуваше на крводарителската акција потенцираше дека секоја година е се помасовно дарувањето крв по повод празнувањето на општината.
– Задоволни сме од одѕивот на денешната крводарителска акција. Меѓу дарителите имаше и такви кои имаат ретка крвна група, но и нови млади лица кои првпат даруваат крв, истакна др. Анита Божинова Петковска од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.