Угледниот австриски магазин “Сркл Дипломатик” (Cercle Diplomatique) што излегува во Виена како тромесечник објавува во последниот број голем прилог со петнаесетина фотографии за Република Македонија.
Прилогот под наслов “Македонија мала земја со големо име” (Mazedonien kleines land, grosser name – Macedonia Small Country, Big Name) e oбјавен двојазично на германски и англиски јазик и е прикажан на дури осум страници. Прилогот содржи интервју со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Австрија Проф. д-р Василка Попоска Треневска, како и прекрасни колор фотографии на охридскиот фотограф Димитар Цавкулоски ( www.OhridPlaces.com ) што љубезно ги обезбеди специјално за магазинот “Cercle Diplomatique” градоначалникот на Охрид Др Никола Бакрачевски и г-динот Иво Јанкоски “Трето уво”.
На насловната страница на најновиот број на угледниот австриски магазин што излегува на 170 страници е прикажана фотографија на “Мостот на уметноста” на Вардар со бронзени фигури и зградите на македонското Министерство за надворешни работи и Уставниот суд, а во внатрешноста во два наврати на дупли страници се прикажани плоштадот “Македонија” во Скопје со грандиозниот споменик на воинот, како и познатата охридска црква Св. Јован Канео, фреска од Курбиново, кањонот Матка, камениот мост во Скопје, а на три страници е објавено опширното интервју што специјално за магазинот “Cercle Diplomatique” го даде македонскиот амбасадор Попоска-Треневска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.