| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто паметните луѓе се помрзливи?

Ако не сте доволно енергични, односно сте мрзливи, можеби само сакате да бидете предизвикани на ментално ниво.

Луѓето што не сакаат да поминуваат многу време во размислување имаат тенденција да бидат повеќе физички активни отколку оние што постојано сакаат да го вежбаат мозокот, според најновата спроведена студија.

Во истражувањето биле вклучени 60 луѓе и биле поделени на оние што имале повисока потреба за когниција и оние со пониска потреба. Потребата за когниција е дефинирана како тенденција за вклучување и уживање во когнитивни напори.

Истражувачите што стојат зад студијата велат дека оние луѓе со повисока потреба преферираат да бидат предизвикувани ментално, а оние со пониска потреба едноставно немаат постојана желба за стимулирање на мозокот. Истражувачите користеле уреди кои ги следат движењата на учесниците и откриле дека оние со ниска потреба за когниција се движеле значително повеќе.

Сите учесници биле студенти. Тимот на истражувачи потенцира дека ако изгледате дека сте мрзливи или луѓето ве сметаат за такви, вие можеби се вклучувате во некаков вид повисока мотивирачка мисла. Во студијата се заклучува дека луѓето што повеќе сакаат да ги користат своите мозоци не значи дека се попаметни, туку едноставно се чувствуваат поудобно кога се посветуваат на своите мисли.

Извор:факултети.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top