Првородените деца се поинтелигентни од помладните браќа и сестри поради тоа што добиваат поголема ментална стимулација од родителите додека се мали, покажала една студија на Универзитетот „Единбург“.
Резултатите од оваа студија би можеле да го објаснат подобриот успех на првородените деца кога станува збор за вработување и образование. Студијата покажала дека првородените деца добиваат поголема поддршка од родителите кога станува збор за задачите што подразбираат размислување, а подоцна постигнуваат подобри резултати на тестовите за коефициент на интелигенцијата.
Разликите во резултатите растат како што децата стануваат поголеми, се наведува во студијата што го следела напредокот од раѓање до 14 години.
Се покажало дека децата примаат иста количина емоционална поддршка, но родитеите издвојуваат помалку време за активности што го стимулираат мозокот со помладите деца. Односно, со помладните деца помалку читаат, пеат, играат, танцуваат.
И поранешни студии покажале дека првородените деца се поуспешни и поамбициозни. Истражувањето покажало дека првородените деца имаат 16 отсто поголема веројатност дека ќе го продолжат високото образование од помладите браќа и сестри.
Но, првородените деца имаат поголема веројатност дека ќе бидат кратковиди во однос на младите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.