| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен најбараниот хакер во светот

Уапсен е најбараниот хакер на светот, Алжирецот Хамза Банделаџ. Дваесет и четиригодишниот Банделаџ е најбаран хакер на листата на американското ФБИ и тој бил уапсен на Тајланд.

Алжирецот е обвинет дека соборил интернет-страници на неколку банки и со тоа предизвикал милионски штети. Пробил посебни сметки на 217 банки и финансиски организации и штетата која ја направил се проценува на 10 милиони американски долари. Банделаџ бил уапсен додека чекал транзитен лет во Тајланд, а патувал од Малезија за Египет. Со себе имал сателитски телефон, екстерен хард-диск, два лаптопи и еден таблет компјутер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top