| четврток, 6 декември 2018 |

„Матица“ ја промовира книгата „Патувајќи“ во Ресен, Прилеп, Штип и Струмица

Во издание на Матица македонска од Скопје, од печат излезе втората книга на Отец Пимен, митрополитот Европски на Македонската православна црква, алтруист, луциден раскажувач, скеч гуру цртач и ревносен патувач.  Книгата со наслов „Патувајќи“ е збир колумни кои не тераат и нас самите да пропатуваме преку неговите размисли и ненаметливи совети.

Главен заклучок кој остава без зборови во неговите текстови е Болката твоја е болката моја Радоста твоја е радост моја. Духовната сила во книгата „Патувајќи“ на Отец Пимен е бесценето богатство откинато од неговото милосрдно срце!

Промотивните активности започнуваат во неговиот роден град Ресен, на 4 септември во спомен куќата на Татарчеви, во Прилеп е на 5 септември, 6 септември во Струмица, 7 септември во Штип, а големата промоција во Скопје ќе биде организирана на 18 септември. Книгата ќе биде претставена и во Битола и Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top