| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван го дотера списокот за Швајцарија, петмина се вишок

Македонскиот селектор Ивица Обрван го дотера списокот на ракометари, на чии услуги ќе смета за утрешниот квалификациски дуел со Швајцарија, во Цирих од 20 часот. По последниот тренинг одржан во Скопје во текот на вчерашниот ден, Обрван донел одлука за клучниот меч на Македонија да не настапат Златко Даскаловски, Градимир Чаневски, Горан Кузманоски, Милан Левов и Никола Стојчевски.

– Морав да го скратам списокот и решив за дуелот со Швајцарија да не сметам на услугите на Кузманоски, Даскаловски, Чаневски, Левов и на Стојчевски. Сепак, морам да потенцирам дека тоа не значи дека петмината се избришани од репрезентацијата, ова е избор само за првиот натпревар со Швајцарија, а сите ракометари веќе в четврток ќе продолжат со тренинзи во Скопје со останатиот дел од националниот тим. Сите ракометари што се појавија на овие подготовки се однесуваа максимално професионално – изјави Обрван, а пренесува порталот „Екипа“.

Утре со Швајцарија ни треба победа за да останеме во игра за пласман на ЕП 2014. Во последното коло, ако забележиме успех со Швајцарците, ќе атакуваме на нови бодови против директниот конкурент Португалија. Сѐ освен победа во Цирих, речиси сигурно ќе нѐ елиминира од настапот на ЕП, иако и со реми имаме шанса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top