Жителите на општина Босилово денеска на референдум ќе се изјаснуваат дали се „за“ или „против“ отворање на рудникот за бакар и злато Иловица. На референдумското гласачко ливче поставени се две прашања – дали сте „за“ или „против“ отворање на рудникот за бакар и злато – Иловица, и другото, дали сте „за“ или „против“ отворање и ископ на метали или металична руда.
На избирачкиот список запишани се 12.301 гласачи, а за успех на референдумор потребно е на гласање да излезат 6.151 гласач (50% +1) на 19 избирачки места.
Жителите на Општина Ново Село на референсумското прашање за или против рудници ќе се изјаснуваат на 17 септември.
Како што јавува Нова Тв, тие се обиделе договорот за концесија на рудникот Иловица да го добијат од Министерството за економија согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но оттаму им испратиле допис со одговор дека „предметот е во постапка на усогласување при што доставувањето на содржината би предизвикало погрешно разбирање на содржината“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.