| четврток, 6 декември 2018 |

Заев во Арачиново ќе атакува со Албанка

Верскиот празник Курбан Бајрам верниците со исламска вероисповест го прославија во друштво на Зоран Заев. Заев во придружба на Мухамед Зекири и Талат Џафери присуствуваше на утринската молитва, Бајрам намаз, во Мустафапашината џамија во Скопје, а потоа замина меѓу арачиновци.

На претстојните локални избори, на 15 октомври, СДСМ во Арачиново ќе настапи со жена, Мелекие Халими, граѓанка од албанската етничка заедница и член на СДСМ, најави претседателот на партијата Зоран Заев на денешната посета на Арачиново за Курбан Бајрам.

Убавината, радоста и авангардноста на самиот концепт е тоа што ќе имаме дама. Верувам дека како оштественик, како личност којашто е вградена во многу важни сегменти во секојдневниот живот на граѓаните и со човек кој потекнува од овде, ќе бидеме доволно прифатливи да ја добиеме поддршката од мнозинството граѓани во Арачиново – изјави Заев.

Мелекие Халими

Нашата намера, продолжи тој, е да работиме конкретни инфраструктурни проекти во Арачиново.

Работиме на каналите и фекалната канализација. Намерата е да стартува со проектот за средното училиште, да направиме болница и амбуланта. Водоснабдителниот систем е овде катастрофа, тоа мора да го направиме. Ова е мал град буквално, и тоа мора да го реализираме – изјави Заев.

Посочи дека убавината е во перспективата на концептот на едно општество за сите, а кое, како што рече, треба да го негуваме и надградуваме сите, затоа што оваа земја е наша заедничка земја.

На новинарско прашање дали веќе имаат кандидати за локалните избори, Заев рече дека локалните самоуправи се важни за секојдневниот живот на граѓаните и дека е убеден дека ќе изнајдат заеднички решенија и веројатно ќе има меѓусебна поддршка и со албанските политички партии.

Разговараме и се надевам дека ќе успееме. Истовремено, знаете дека како мултиетничка партија ќе номинираме кандидати од сите етнички заедници – додаде тој.

Посочи дека се на крај во преговорите со коалициските партнери со коишто се стандардно во коалиција, а преговараат и со партнери кои биле надвор од нивната коалиција.

Се надевам дека коалицискиот фронт ќе расте и убеден сум дека ќе успееме во тоа, во зависност од преговорите на концептот, програмата и на иднината на државата. Верувам дека во сите во закон пропишани рокови ќе ги утврдиме сите кандидати. СДСМ ќе настапи со свои кандидати со повеќе од 65 општини и тенденцијата е да одиме до максимум, ако може и повеќе од 70. Се во зависнсот од тоа како ќе се договориме со коалициските партнери и самите кандидати – изјави Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top