| четврток, 6 декември 2018 |

„Матица“ ја објави „Пораки за животот, здравјето, проблемите…“ од академик Нада Поп- Јорданова

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, деновиве излезе од печат книгата „Пораки за животот, здравјето, проблемите…“ од акад. Нада Поп- Јорданова. На страниците од своето најново дело познатата авторка како долгогодишен педагог и истражувач пишува за круцијални теми сврзани со здравјето на децата, младите и старите луѓе.

Акад. Нада Поп-Јорданова работниот век го помина како професор по медицина, медицинска психологија и етика, невропсихологија и развојна психологија на Клиниката за детски болести во Скопје. Автор е на тринаесет книги од областа на медицината, како и на бројни статии објавени на повеќе странски јазици. Член е на Светската, Европската и Њујоршката академија за наука, а за редовен член на МАНУ е избрана во 2012 година.

За својата долгогодишна педагошка и научна дејност добитник е на национални и меѓународни признанија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top