| четврток, 6 декември 2018 |

Тотенхем има нов десен бек – Серж Орие потпиша за „петлите“

Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска, Серж Орие од денес е нов играч на Тотенхем. Десниот бек од екипата на ПСЖ преминува во Лондон за сума од 25 милиони евра.

По продажбата на Кајл Вокер во Манчестер Сити, „петлите“ имаа потреба од квалитетен играч на десната бековска позиција, а Орие беше еден од фудбалерите кои се споменуваа како можни решенија. За неговите услуги во текот на летово интерес покажаа и Јувентус, Челси и Манчестер Јунајтед, но неговиот темперамент веројатно имал влијание на одлуките на клубовите сепак да не испратат официјална понуда за него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top