| четврток, 6 декември 2018 |

Челси ќе извиси – Тотенхем пред потпис со Љоренте

Како што пренесуваат медиумите на Островото, шпанскиот напаѓач Фернандо Љоренте до крајот на денов ќе се пресели во редовите на Тотенхем, наместо во Челси кој подолго време се споменуваше како најголем фаворит за неговиот потпис.

„Скај Спортс“ пишува дека Тотенхем и Свонси веќе се договориле за оштетата на шпанскиот интеранционалец. Искусниот центарфор пред да стигне во Англија, има настапувано за Атлетик Билбао, Јувентус и Севилја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top