| четврток, 6 декември 2018 |

Алжирецот ќе го промени клубот: Марез ја напуштил репрезентацијата за да го комплетира својот трансфер

Еден од најдобрите фудбалери на Лестер Сити, Алжирецот Ријад Марез, денес го напуштил репрезентативниот камп на Алжир за на последниот ден од трансфер периодот да го комплетира својот треансфер. Иако точно не се знае за кој клуб ќе потпише, медиумите на Островот како најверојатни дестинации го споменуваат Барселона, Рома, па и Манчестер Сити.

Одличниот Алжирец беше еден од најзаслужните за освојувањето на Премиер лигата со Лестер предминатата сезона, а веќе подолго време беше поврзуван со низа европски гиганти. До крајот на денот со сигурност ќе биде претставен како големо засилување на својот нов клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top