| четврток, 6 декември 2018 |

Брено паликуќа излезе од затвор, Баерн не знае што да прави со него

Бразилскиот интернационалец во Баерн, Брено, деновиве треба да излезе од затвор, и тоа многу порано од предвидената казна. По само една година, одбранбениот иограч на европскиот првак ќе биде на слобода иако беше осуден на три години. Брено во моменти на психичка криза си ја запали куќата во Минхен и беше осуден за тој чин.

Во Баерн пристигна како екстра-талентирано момче во 2007 година, а Баварците за него платија огромна сума од 19 милиони долари. За тоа време тоа беше еден од највредните трансфери во Европа, но Брено малку играше и не успеа да се привикне на стилот на игра и на животот во Германија.

Од 2015 година ќе игра за матичниот клуб Сао Паоло во Бразил, а дотогаш останува нејасно што ќе прави Баерн со него. Брено сѐ уште има договор со европскиот првак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top