| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: По доаѓањето на СДСМ животот во Македонија не дојде за граѓаните

По доаѓањето на СДСМ на власт животот во Македонија како што тие најавуваа не дојде за граѓаните. Животот дојде само за нив, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Благој Бочварски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, даноците не се намалија, трошоците за живот не се намалија, туку се намалија платите на граѓаните, а од 1-ви септември ќе се укине и покачувањето на пензиите.

– СДСМ не се грижат за потребите на граѓаните. На нив единствена преокупација е како да си ги задоволат своите алчни апетити, како да ги вдомат партиските послушници по државните институции на грбот на македонските граѓани, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека гρаѓаните на 15-ти оκтомври на лоκалните избори поради притисоците и манипулациите ќе го κазнат СДСМ и Заев и целосно ќе го делигитимираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top