По доаѓањето на СДСМ на власт животот во Македонија како што тие најавуваа не дојде за граѓаните. Животот дојде само за нив, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Благој Бочварски.
Според ВМРО-ДПМНЕ, даноците не се намалија, трошоците за живот не се намалија, туку се намалија платите на граѓаните, а од 1-ви септември ќе се укине и покачувањето на пензиите.
– СДСМ не се грижат за потребите на граѓаните. На нив единствена преокупација е како да си ги задоволат своите алчни апетити, како да ги вдомат партиските послушници по државните институции на грбот на македонските граѓани, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека гρаѓаните на 15-ти оκтомври на лоκалните избори поради притисоците и манипулациите ќе го κазнат СДСМ и Заев и целосно ќе го делигитимираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)