Напаѓачот на рускиот гигант Зенит, Александр Кокорин во изјава за локалните медиуми потенцира дека групата која ја доби неговиот тим во Лига Европа е одлична, со тоа што непознатица е само Вардар.
Вардар за прв пат обезбеди пласман во групната фаза од евро-куповите, па македонскиот шампион се најде во групата „Л“ заедно со Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг.
– Мислам дека имаме одлична група. Добро ги знаеме противниците, освен Вардар, за кого не сме добро информирани. Сепак, верувам дека може да пласираме на првата позиција во групата, рече Кокорин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Вардар испиша историја со најновиот ранкинг на УЕФА
-
Поранешен фудбалер моли за помош: Беше дел од „златниот“ Вардар, а сега трпи за леб (видео)
-
Муслиу си поигра мајтап со Вардар: Ќе потпише со Приштина, па веднаш на позајмица во Шкендија