| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарци заминаа за Истанбул

Вардаровата експедиција составена од фудбалерите, стручниот штаб и раководството, денеска отпатува за Истанбул каде што утре ќе го одигра реванш натпреварот од плеј-офот во Лигата на Европа против Фенербахче.

„Црвено-црните“ денеска ќе одржат и прес-конференција во 18:30 часот по македонско време, а во 19 часот е официјалниот тренинг на Вардар на стадионот „Шукру Сарачоглу“.

Натпреварот помеѓу Фенербахче и Вардар се игра утревечер со почеток во 19:30 часот. Првиот натпревар одигран во Скопје заврши со победа на Вардар од 2-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top