Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска беше на повеќе локации во општината Сопиште.
– Најпрво се упатив на местото во Сопиште каде се заврши од нас ветениот регионалниот пат од Кисела Вода – Припор до Сопиште, се заврши и патот од Центар до Сопиште, а завршен е и првиот крак од канализацината мрежа, многу значаен за Сопиште. Сега треба да се гради и вториот крак, но во разговор со поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски дознав дека има скратување во делот на финсиите и апелирам до новата влада да не го прекинува договорот, туку да го изгради вториот крак за кој веќе е склучен договор, рече Груевки и додаде дека истовремено се гради и водоводот Патишка река со кој 12 населени места ќе добијат подобро снабдување со вода, подвлече Груевски.
Тој заедно со тим од партијата, посети уште неколку места во општината Сопиште.
– Видов како се завршиле улицата број 7, улицата број 11, улицата број 12 во Долно Соње, а тука во Ракотинци градоначалникот ја започнува обновата на спортското игралиштето со сите потребни елементи, рече Груевски и додаде:
– Можам да кажам дека најголем дел од нашите ветувања се реализирани, дел се во фаза на реализација и сакам да апелирам до Владата она што е во тек да не го прекинува само затоа што го започнало ВМРО-ДПМНЕ бидејќи така се прави штета на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.