„Денес е прв ден од примената на Законот за мобинг, чие донесување е од исклучително значење за уредувањето на односите во работните средини. Донесувањето на законот е од историско значење, затоа што ќе придонесе за создавање здрава работна средина и релаксирани односи“, изјави претседателот на ССМ Живко Митревски по повод донесувањето на Законот за мобинг и почетокот на неговата примена..
Според истражувањето на ССМ месечно во Република Македонија се трошат 800.000 евра за лекување на здравствените последици од мобинг.
На годишно ниво штетите изнесуваат околу 10 милиони евра.
Анкетата што ја спровел Синдикатот на финансиските дејности покажува дека 42 отсто од испитаниците се изјасниле дека се жртви на психички вознемирувања на работното место.
Според законото за прекршување на законот постојат сериозни санкции, од пет до шест илјади евра казни за вршење мобинг и до четири илјади за одговорното лице.
Работодавачите се должни во рок од три месеци да ги известат работниците за законот, додека е внесена и категоријата надомест на штета.
Мобингот е најзастапен во тектилната индустрија, здравството и администрацијата.
Во однос на типот на притисоците околу 60 отсто се однесува на остварување на работниот однос, додека најзастапено е психичкото вознемирување, пред физичкото и половото вознемирување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Синдикатот на Клинички центар бара ист коефициент за зголемување на платитекако за специјалистите
-
Независниот синдикат на полицијата го обвини МВР за кршење на меѓусебниот договор
-
ССНМ: Авторските права мора да се почитуваат
-
Митревски: Конгресот на ССМ од нелегитимното раководство е прогласен за нелегитимен и од страна на Светската и Европската конфедерација на синдикати