| четврток, 6 декември 2018 |

Реваншизам и партиски чистки во „Мој термин“: На местото на Аризанковски поставен Хаљими

СДС продолжува со реваншизам и поставување некомпетентни и нестручни партиски кадри, обвинува најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Незаконски и без да го почитува мислењето на Антикорупциската комисија, во предизборен период е разрешен директорот на Управата за електронско здравство, Милан Аризанкоски, на чие место е поставен Беким Хаљими, кој доаѓа од „Македонија пат“ и ќе раководи со најголемиот електронски систем во Македонија, кој го поврзува целиот здраствен систем.

СДС незаконски го разреши еден од основоположниците на електронскиот систем во здравството и креатор на најголемата електронска база во македонските институции – Мој термин. Аризанкоски е еден од најзаслужните за меѓународните признанија на системот Мој термин и фактот дека системот е препорачан како реформа за имплементација во европските земји. Во време на СДС македонското здравство воопшто не било рангирано на европскиот здравствен потрошувачки индекс, а со последното рангирање на овој индекс Македонија беше меѓу првите 20 најдобро рангирани здравствени системи во Европа, што во голема мера се должеше на успешната имплеметација на Мој термин. СДС уште еднаш потврди дека воопшто не се грижи за поставување квалитетни кадри во здравството, туку исклучиво за партиските интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top