| четврток, 6 декември 2018 |

Напредок по наш урнек: Српското здравство подобро од унгарското, полошо од македонското

„Нашето здравство е подобро од унгарското и полското, полошо од македонското“, е насловот на текстот кој денес го објавува српскиот весник „Политика“ повикувајќи се на податоците објавени во извештајот на европскиот здравствен потрошувачки индекс EHCI.Во делот од извештајот кој се однесува за здравството во Србија е наведено дека подобрување на оценката се должи и на намалување на времето на чекање, односно имплементирањето на македонскиот електронски систем „Мој Термин“ .

Македонија пак е највисоко рангирана во делот на достапноста на здравствените услуги, а како и претходните години, повторно се наведени исклучително високи оценки за функционирањето на националниот електронски систем Мој Термин.

izvestaj

Според извештајот на EHCI, системот Мој Термин е реформа која веќе неколку години по ред се препорачува за имплементација и во другите европски земји. Во повеќе сегменти од извештајот е потенцирано дека Србија го имплементирала електронскиот систем во здравството по примерот на македонскиот систем МојТермин, и токму по таа заслуга постигнала напредок по одредени индикатори.

Република Македонија повторно како и минатата година е прворангирана по индикаторот “bang for the buck”, односно што се добива како здравствена услуга во однос на вложените средства. Исто така, нотирано е дека Македонија има максимални достигнувања во делот на достапноста на здравствените услуги.

Инаку, македонското здравство според европскиот здравствен потрошувачки индекс за 2016 година е рангирано повисоко од поголем број развиени европски земји и земји од регионот, меѓу кои: Италија, Ирска, Унгарија, Полска, Литванија, Грција, Романија, Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора, и др.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top