За сума од 4 милиони и 237 илјади денари без ДДВ, или приближно 70 илјади евра, Министерството за здравство објави тендер за надградба и одржување на националниот систем за електронски евиденции во здравството, познат како „Мој термин“. Во техничката спецификација пишува дека системот треба да се подобри со надградба на постојните и со нови модули, зголемување на извештаите од повеќе институции на системот.
Системот треба да го подобри „лесното и ефикасно ажурирање на податоците преку едноставниот и кориснички интерфејс на постојниот систем“, пишува во техничката спецификација. „Мој термин“ е воведен во 2011 година додека со Министерството за здравство, министеруваше Никола Тодоров. Со надградба на системот се започнува во 2012 година, преку примена на „е-упат“ и „е-рецепт“. Системот го користат приближно 15 илјади корисници и над четири илјади установи. Набавката е за период од една година, а критериум за доделување на договорот е најниската цена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе се надградува „Мој термин“, докторите ќе имаат повеќе време за пациентите
-
Напредок по наш урнек: Српското здравство подобро од унгарското, полошо од македонското
-
Лекарите поболни од пациентите: Гинеколог си препишал 182 рецепти за една година
-
„Мој Термин“ одлично имплементиран – Ходниците и чекалните во Здравствен дом Скопје се празни