| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ го става тенисот на пауза: Бог ми порача дека е доста

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ деновиве во едно свое интервју открил дека приоритетите во неговиот живот му се промениле и дека во периодот кој следи ќе го остави рекетот и ќе им се посвети на своите деца и семејството. Тој за неколку недели ќе стане татко и на своето второ дете, девојче кое го очекуваат со сопругата Јелена, а како што самиот открил, заради тоа и повредата, тој се одлучил да го остави тенисот настрана најмалку до крајот на оваа сезона.

– Во животот се’ се случува заради некоја причина. Периодто кој доаѓа ќе го искористам најдобро што можам и квалитетно да да му се посветам на семејството. За околку еден месец јас и Јелена повторно ќе станеме родители и Бог како да ми порача – Сега е доста. Ова морало да се случи, изјавил Ѓоковиќ за магазинот „Стори“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top