Екипата на Фиорентина го засили својот напад со аргентинскиот напаѓач Џовани Симеоне, синот на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего. За услугите на младиот аргентински напаѓа тимот на Џенова инкасираше 15 милиони евра, а тимот од Фиренца по се изгледа најде замена за нивниот прв напаѓач минатата сезона, Никола Калиниќ кој е пред трансфер во Милан.
Фиорентина се споменуваше како најсериозен кандидат за нашиот најдобар напаѓач, Илија Несторовски, а медиумите во Италија минатиот месец и најавија дека трансферот е блиску до реализација. Во меѓувреме, македонскиот напаѓач ја доби и капитенската лента во Палермо, како мотив плус да остане во тимот и во Серија Б, па останува да се види во следните две недели дали одличниот македонски напаѓач ќе ја промени клупската средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Трајковски и Несторовски со Палермо на првото место на полусезоната во Серија Б
-
Видео технологијата им донесе пенал: Фиорентина се спаси од пораз кај Лацио