| четврток, 6 декември 2018 |

Челси почна со пораз, Руни му донесе победа на Евертон

Со двајца играчи помалку бранителот на трофејот Челси не успеа да се спаси од пораз против Барнли во воведното коло од новата сезона на Премиер лигата.

Мечот за тимот на Конте не почна посакувано бидејќи во 14.минута Кејхил доби директен црвен картон и мораше да ја напушти играта, а потоа во 24.минута примија гол.

Првиот погодок во мрежата на “сините“ го поcтигна Сем Вокес, со што Барнли поведе со 1-0. Потоа во 9.минута Врад зголеми на 2-0, а Вокес во 43. најави дебакл на Челси.

Мората во 69.минута намали на 1-3, но потоа во тимот на Антонио Конте беше исклучен уште еден игра. Вториот жолт картон на Фабрегас во 81.минута ги остави домаќините со деветмина на теренот, но Давид Луиз во 89.минута постигна гол за 2-3 и остави надеж дека може да се стигне до изрманување. Ниту пет минутното продолжение не донесе такво нешто, па Челси со пораз ја стартуваше одбраната на титулата.

Реазултати на мечевите од 16 часот:

Челси – Барнли 2-3

Евертон – Стоук 1-0

Кристал Палас – Хадерсфилд 0-3

ВБА – Бурнмаут 1-0

Саутемптон – Совонси 0-0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top