Вардар ќе биде значајно ослабен за претстојниот двомеч против Фенербахче откако раководството на македонскиот првак даде зелено светло за заминување на Џонатан Боарето – Балотели. Предводникот на нападот на „црвено-црните“ својата кариера ја продолжува во Катар, во редовите на екипата на Ал Гарафа, која се согласи да ја исплати отштетата што ја бараше Вардар за својот најдобар напаѓач (висината на трансферот не се открива во јавноста).
Балотели веќе се наоѓа во Катар, каде откако ги мина лекарските прегледи го стави и својот потпис на договорот со новиот клуб.
„Црвено-црните“ добро ќе заработат на Бразилецот, но ќе останат без адекватна замена во многу важен момент од сезоната, за претстојниот двомеч со Фенербахче, но и за големото дерби против Шкендија в сабота, на стартот од новата сезона во Првата лига на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.