| четврток, 6 декември 2018 |

Нов бран смени на директорските позиции во јавните здравствени установи

Геронтолошкиот завод, Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ и Универзигтетската клинки за ревматологија добија нови директори, информира Министерството за здравство.

За директор на Геронтолошки завод е поставен Салија Љатиф, во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле е именуван Ангелчо Андоновски, а нов директор на Универзитетска клиника за ревматологија е Филип Гучев.

Во Психијатриската болница Бардовци останува досегашниот директор, Ќамиљ Ковачи, додаваат од Министерството.

– Исто така се разрешени економските директори во следните јавни здравствени установи: Клиничка болница Тетово, Клиничка болница Штип, Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, Универзитетска клиника за кардиологија, Универзитетска клиника за кардиохирургија, Универзитетска клиника за клиничка биохемија, Универзитетска клиника за неврохирургија, Универзитетска клиника за дигестивна хирургија, Универзитетска клиника за пластична хирургија, Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија и Универзитетска клиника ТОАРИЛУЦ – се вели во соопштението.

Од Министерството додаваат дека во врска со именувањата на директори во јавните здравствени установи, Министерството за здравство стои зад донесените одлуки.

– Веруваме дека заеднички со овие кадри ќе ја реализираме нашата визија за подобро здравство за сите граѓани на Република Македонија. Напоменуваме дека Министерството за здравство редовно ќе ја следи работата на новите ВД директори и ќе реагира доколку изостануваат очекуваните резултати – пишува во соопштението на Министарството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top