Светски познатиот маг, модниот дизајнер Роберто Кавали викендов долета со приватен авион на аеродромот во Тиват. Креаторот стигна во Црна Гора поради модниот настан „Фешн шоу“, кој се одржува денеска во Будва.
– Сакам да доаѓам во Црна Гора и среќен сум што сум повторно овде. Црна Гора е преубава земја. Којзнае, можеби некој дел од Црна Гора што ќе го откријам деновиве, неговите бои и убавина ќе бидат инспирација за колекцијата што ќе ја видиме следната година – изјави Кавали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.