„Земи го своето скршено срце и претвори го во уметност“ – започнува приказната на краткометражниот филм „Стакло“ што го снима Нина Маџиров, ќерката на перкусионистот Зоран Маџиров.
Се работи за многу интимен и сентиментален расказ творен во моменти кога Нина, која се потпишува и како сценарист и како актерка во филмот, се соочува со најголемата болка, но истовремено е свесна за должноста што ѝ ја остава татко ѝ – да создава уметност за поубав свет.
„Почнав да го пишувам сценариото во февруари. Се инспирирав додека ја слушав музиката на татко ми пешачејќи по дожд. Се чувствував осамено, разочарано, сама во Лос Анџелес. Со идејата и развојот на оваа приказна, мислев дека ќе му помогнам некако побрзо да стане и да закрепне. Желбата ми беше целото семејство да го гледаме краткиот филм и да се гушнеме на крајот. Но, за жал животот понекогаш знае да биде многу тежок и да нѐ тестира на начин на кој никогаш не би ни помислила“, вели Нина во разговор за Фешнел.
„Стакло“ е снимен во рамките на нејзината студиска програма на Њујоршката филмска академија во Лос Анџелес, каде Нина е веќе при крај на студиите за актерска игра.
„Во филмот се опфатени деновите по смртта на Маџиров, пред погребот.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќерката на Зоран Маџиров со емотивен филм за својот татко (видео)
-
Коњ ги искршил излозите на ресторани и хотели на Кеј Македонија во Охрид (видео)
-
Комеморација за Маџиров: Остана Нина да ги доигра недоиграните улоги на чичко Игор, а Љубен да ги досвири композициите на својот татко
-
Браќата Маџирови ќе се сретнат по 17 години: Мене ништо друго и не ми преостана туку да го барам Игор меѓу овие 88 дирки (ВИДЕО)